• +389 70 363 877
  • disartltd@yahoo.com
  • Пон-Саб : 08:00 - 20:00
  • en |
  • al |
  • gr
  • Дома
  • Термо дрво
  • Продукти
  • Портфолио
  • Контакт
  • slide
    Најново иновативно решение Thermowood
    Долговечно отпорно репрезентативно
    еколошко термо дрво
  • slide
    Едноставни елементи
    Иновативни дизајни
    Креативни решенија
  • slide
    Најново иновативно решение Thermowood
    Долговечно отпорно репрезентативно
    еколошко термо дрво
Експерти во ова поле, со напредни решенија уште од 1999
Контактирајте не

Што е Термо дрво? Новост на пазарот во Македонија!

Употребата на висока температура (170 до 212 степени) и водена пареа за третман на дрво е природен метод за подобрување на неговите карактеристики. Овој процес ја менува клеточната структура на дрвото, а резултатот е зголемување на димензионалната стабилност, издржливост, отпорност на влага штетници,бактерии,вируси и карактеристики на топлинска изолација.

Во исто време, Термо дрво е еколошки, природен производ, чија употреба има уште поголем опсег на можности отколку што има самото дрво. Ова особено се гледа во примената во средина со поголема влажност, како што се фасади, тераси и градини на домови и ресторани, области околу базен, плажа или сауна, бања.

Подови на бродови, паркети и палуби што можете да ги инсталирате во вашите домови или деловни објекти денес се изработени од термо-третирано дрво.

Термо дрво - Технички карактеристики.

Термообработката е сосема нов природен технолошки пристап на создавање на нов вид на дрво со изменети хемиско механички својства на материјалот. При процесот на обработка не се користат никакви хемиски средства. Целиот процес e природен и се изведува во средина со заситена водена пареа,без присуство на кислород и на висока температура од 170 до 212 степени целсиусови.

Во вакви услови услови се менуваат хемиските својства на дрвото и доага до топење на полисахаридите и карамелизација на материјалот.Со ова се постигнува заштита на дрвото од влијание на вода,влага, гнилеж и бактерии,а со тоа се постигнува и долговечност на дрвото,стабилност на материјалот и лесна обработка. При пожар е безбедно бидејќи оддава мала количина на јаглероден диоксид.

Дрвото е со подобрени карактеристики до 70 посто од обичното дрво и не подлежи на деформации и ги поседува својствата на тропските дрва со голема отпорност на влага,вода и гниење. Термомодифицираното дрво - Termowood е алтернатива на тиковото и другите тропски дрва но со пониска цена.

Бојата му е од светло до темно кафеава,со пријатен изглед и зависи од температурата на која се обработува и намената.На допир се добива чувство на мекост и топлина на префинет материјал.

Производот е целосно безбеден по здравјето на лугето. Термомодифицираното дрво е стерилно и на него неможе да опстојат бактерии,вируси или паразити кои се опасни по здравјето на лугето.

Се употеребува за внатрешно и надворешно уредување:

  • Изработка на мебел
  • Маси,кујни и плотни за кујни
  • Подови,паркет,плочки од дрво и патос
  • Ѕидни облоги за ентериер
  • Бања-ѕидни облоги,подни плочки,умивалник и аксесоари за тоалет
  • Сауни и парни бањи
  • Фасада и облоги на фасада
  • Тераси,површини околу базени
  • Мебел за во двор

Продукти

Thermowood подови

Thermowood патоси

Thermowood мебел

Thermowood елементи за бања

Древни апликации

Thermowood даски и четвртачи

Крајчена бука

Нашето портфолио

Сите Thermowood подови Thermowood патоси Thermowood мебел Thermowood елементи во бања Дрвени апликации Thermowood даски и четвртачи Бука

Информации за контакт

  •   Нова Локација Блокотехна бб, Гевгелија
  •  +389 70 363 877
  •  disartltd@yahoo.com
  •  Пон - Саб : 08:00 - 20:00

Disart LTD 2012-2020 @ Сите права се задржани.

  • Дома
  • Продукти
  • Нашето портфолио
  • Контакт
  • en
  • al
  • gr